ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПСТРАКТИ ЗА ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ
Поднесувањетo на апстракти за постер презентации се врши електронски, со користење на формуларот што се наоѓа подолу на страницта.
Апстрактите треба да бидат напишани во фонтот Times New Roman со максимална големина на букви 12, единечен проред во А4 формат.
Не треба да содржи повеќе од 300 зборови, вклучувајќи го и насловот, имиња и презимиња на авторите, институцијата од која доаѓаат и содржината на апстрактот, и максимум 5 клучни зборови.
Апстрактите треба да бидат што е можно поконцизни и да ги вклучуваат следните поднаслови:
ВОВЕД, ЦЕЛИ, МАТЕРИЈАЛ, МЕТОДИ, РЕЗУЛТАТИ и ЗАКЛУЧОК
Апстрактот треба да биде напишан во Word документ на Македонски и Англиски јазик (со двете верзии, Македонски и Англиски јазик, во еден документ), кој што и се поднесува со формуларот за пријава на апстрактот.
Постер презентациите ќе се прикажуваат исклучиво електронски на LCD екрани. и поради тоа презентациите треба да бидат направени како Пауер Поинт (power point) презентации, и тоа 16:9 format.
- За сите одобрени АПСТРАКТИ ЗА ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ, одлука ќе донесе Научниот одбор
- КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПСТРАКТИ ЗА ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ Е ДО 15.04.2026 ГОД.
- КРАЕН РОК ЗА ПОТВРДА НА ПРИФАТЕНИ АПСТРАКТИ за ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИИ: 20.04.2026 ГОД.
- Во книгата на трудови, ќе бидат печатени само оние трудови за кои има платена котизација, според еден од условите опишани во Првото соопштение.

